More

    До крајот на годинава ќе се исплатат 16,3 милиони евра

    spot_img

    Со ребалансот на буџетот веќе е предвидена 1 милијарда денари (16,3 милиони евра) за исплата на неисплатените субвенции за земјоделците од оние 3,2 милијарди денари (52 милиони евра) заостанати долгови кон нив. Исплата на голем дел од старите долгови ќе биде предвидена со буџетот за следната година покрај тековната исплата на субвенциите, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

    – Сето она кое што им се должи ќе биде исплатено и тука нема само Македонци или само Албанци, туку има и Македонци, и Албанци, и Срби, и Турци, и Власи, и Роми, и Бошњаци… Сите земјоделци без разлика на етничка, верска, политичка припадност или неприпадност ќе го добијат она што го заработиле со макотрпна работа на полињата и тоа ќе биде наш приоритет – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при денешното пуштање во употреба на Спортско-рекреативниот центар „Бранители“ во населеното место Љуботенски Пат во општина Бутел.

    Приоритет на Владата, како што кажа, ќе бидат граѓаните.

    – Нема да бидат приоритет задоволување на страстите на овие корумпирани политички елити коишто сакаат да испровоцираат нестабилност и инциденти. Наш приоритет ќе бидат граѓаните – порача Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img