More

    Чарнецки е дел од интересен корупциски скандал

    spot_img

    До неодамна, полскиот европратеник на опозициската партија Право и Правда, поранешниот потпретседател на Европскиот парламент, Ришард Чарнецки, беше уапсен денеска на аеродромот во Варшава во рамките на истрагата за голем корупциски скандал околу трговијата со дипломи од приватниот универзитет за менаџери на колеџот Хуманум во Варшава.

    „На аеродромот во Варшава, агенти на Централното антикорупциско биро (ЦБА) денеска ги уапсија поранешниот европратеник Ришард Ч. и неговата сопруга Емилија Х. Кривичната постапка е поврзана со Универзитетот Хуманум“, соопшти денеска портпаролот на ЦБА, Јацек Добжињски.

    Чарнецки и неговата сопруга се транспортираат во Катовице бидејќи тамошното обвинителство води кривична постапка, а Добжињски не исклучи апсење на други познати функционери во врска со трговијата со дипломи која, додека конзервативната партија Право и Правда беше на власт до лани, им обезбеди високи позиции во државните и во јавните претпријатија.

    Во февруари, ЦБА го уапси ректорот на тој универзитет и уште 6 други лица осомничени дека учествувале во аферата.

    Кога изби аферата пред две години, европратеникот врати половина од сумата што со измама ја добил од ЕП, а своите помошници ги обвини за фабрикувани податоци, што сепак беше спорно во текот на истрагата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img