More

    Британската пејачка Адел неодамна ги шокираше обожавателите кога објави дека ќе направи „неверојатно долга“ пауза од музиката

    spot_img

    Британската пејачка Адел неодамна ги шокираше обожавателите кога објави дека ќе направи „неверојатно долга“ пауза од музиката. На почетокот на септември ги заврши концертите во Минхен, а има уште концерти во Лас Вегас, по што извесно време не планира да се занимава со музика. Сепак, пејачката има големи планови за кариерата во иднина, кои не се поврзани со музиката.

    Како што пренесува „Дејли мејл“, Адел би можела да почне да глуми.

    „Адел повеќе од една година зема интензивни часови по глума од врвен холивудски тренер. Кога се обврзува на нешто, дава 100 отсто од себе“, рекол изворот.

    Изворот исто така тврди дека Адел му рекла на својот тим да ја пренесе веста до големите филмски студија и продуценти дека е подготвена за голема промена во нејзината кариера. Наводно веќе се водат разговори за потенцијални проекти за неа.

    „Еден високо позициониран холивудски извор ја советуваше да оди на курс за дијалект, ако веќе не го направила тоа, бидејќи нејзиниот природен, кокни акцент ќе ги ограничи нејзините улоги“, рекол тој. Друг извор додал дека Адел на крајот ќе му се врати на пеењето и дека сите ќе дознаат за тоа навреме.

    Адел претходно зборуваше дека сака да се занимава со глума. Минатата година изјави дека сака да се „пробие“ во Холивуд, а откри и дека има еден филм на кој би сакала да работи. Се уште нема сценарио за истиот филм бидејќи, како што рече, сценаристот не е „ментално подготвен“ за него. Рекла и дека и биле понудени улоги во биографски филмови за некои пејачи, но дека тоа секогаш и било многу „очигледно“.

    Во јули таа изјави дека по концертите во Минхен и Лас Вегас сака да се фокусира на своето семејство и „другите креативни работи“.

    „Немам планирано нова музика. Сакам голема пауза после ова и мислам дека сакам да се занимавам со некои други креативни работи. Само за малку“, рекла таа.

    Според странски извори, пејачката планира да се врати во Велика Британија, каде веќе има стан во Лондон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img