Русија доби пратки со балистички ракети од Иран и најверојатно ќе ги користи во рок од неколку недели во Украина против Украинците, изјави денеска американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, а објави Гардијан.
Државниот секретар рече дека Вашингтон го предупредил Техеран и јавно и приватно дека обезбедувањето балистички ракети „ќе предизвика драматична ескалација“.
– Овој развој и растечката соработка меѓу Русија и Иран ја загрозуваат европската безбедност и покажуваат како дестабилизирачкото влијание на Иран достигнува далеку подалеку од Блискиот Исток – рече тој.
Блинкен рече и дека САД ќе објават нови санкции кон Иран.
Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, го нарече снабдувањето со балистички ракети од Иран за Русија „значителна ескалација“.