More

    Се бара алиби за да се предизвика војна?

    spot_img

    Тројца западни разузнавачки извори тврдат во изјава за западни медиуми дека „платеници поврзани со руски разузнавачки структури“ наводно го зголемиле своето присуство во Украина, поради што расте стравот кај некои членки на НАТО дека Русија би можела да бара изговор за инвазија на Украина, објави на својот сајт Телеграф, пренесувајќи извештај на новинската агенција Ројтерс.

    Повикувајќи се на неименувани извори, британската агенција пренесува дека се зголемува стравувањето оти руската окупација ќе следи по војна со информации и „сајбер напади врз клучни инфраструктурни системи“, како што се електричната и гасната мрежа.

    Изворите предупредуваат на наводни дејствија на руски платеници кои би можеле да ја „парализираат Украина со извршување целни егзекуции и користење на специјализирано оружје“.

    – Русија ги зајакна своите воени сили распоредени на границата со Украина викендов – изјави денеска портпаролот на Пентагон, Џон Кирби и покрај најавата на Москва дека завршува некои од своите воени вежби.

    – Не се само бројките. Таму има на располагање комбинирано оружје, речиси сѐ, од оклопни единици до пешадија, како и специјални операции за кибер напади и воздушна и ракетна одбрана – нагласи Кирби.

    Предупредувања за можна војна во Украина пристигнуваат од сите страни. Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека ситуацијата во Украина е „многу, многу опасна“ и дека, според него, можна е руска окупација во следните 48 часа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img