Силно невреме со пороен дожд денеска ја погоди дубровничко-неретванскиот регион и предизвика поплави. Градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ ги повика граѓаните да не ги напуштаат своите домови за време на невремето, објавија хрватските медиуми.
Околу 13 часот било пријавено дека дете паднало во отворена шахта во историскиот центар на градот. Детето било примено во Општата болница во Дубровник.
Невреме со пороен дожд утрово ја зафати и Макарска каде што за 30 минути наврнаа 52 литри дожд на квадратен метар.
Дожд врне и во Сплитско-далматинскиот регион.
Проблеми имаше и во Плоче, каде што водата на некои патни правци достигна ниво од 30 сантиметри. Некои патишта и во Задар се речиси непроодни по врнежите.