Израел ноќеска извршил напади врз неколку области во централна Сирија при што загинале најмалку 14 лиза, а се ранети 43 лица и предизвикани се пожари, јавија сириските државни медиуми.
– Бројот на загинатите по израелската агресија на неколку локации околу Месијаф се искачи на 14, а 43 се повредени – изјави директорот на болницата во овој регион, објави новинската агенција САНА.
Израел во нападите таргетирал голем број воени локации во централниот регион, а сириските сили за воздушна одбрана пресретнаа и соборија некои од нив.