Денеска ќе има преодно стабилизирање на времето. Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Минималната температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а максималната од 24 до 33.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од 17 до 33 степени.