More

    Албанец со мачета влегол во полициска станица во Германија

    spot_img

    Албански државјанин е уапсен откако во раните утрински часови денеска се обидел да влезе во полициска станица во Германија, во градот Линц на Рајна, со мачета во раката.

    Повикувајќи се германските медиуми, Си-Ен-Ен, наведува дека настанот се истражува како терористички напад, бидејќи Албанецот, за кој се наведува дека има 29 години, кога се обидел да влезе во станицата извикувал „Алаху Акбар“.

    Генералниот обвинител на Кобленц, Харалд Крузе, е убеден во тоа и ги истражува „преостанатите обиди за убиства“, објавија албанските медиуми.

    – Албанецот, кој живее во малото гратче Линц (област Нојед/6500 жители), во петокот околу 02:40 часот тргнал пеш до станицата „Ам Конвикт“. Таму постојано извикуваше „Алаху Екбар“ и велеше дека сака да ги убие полицајците – рекол Крузе, пренесува телевизијата.

    Она што мажот со мачета очигледно не го очекувал е дека за да стигне до полиција ќе мора да помине низ втора врата што може да ја отвори само чуварот.

    Полицаецот успеал да ја затвори надворешната врата, при што Албанецот го заробил меѓу двете врати. Со струен удар бил неутрализиран и уапсен.

    – Првичните истраги откриле докази дека тој бил мотивиран од исламски радикализам. Во неговиот стан на ѕид е пронајдено знаме на терористичката организација ‘Исламска држава’ – додал обвинителот Крузе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img