More

    Голем скандал во германскиот фудбал, 17 натпревари се наместени

    spot_img

    Голем скандал го тресе германскиот фудбал, а според тамошните медиуми, дури 17 натпревари во Германија се под истрага за местење.

    Како што се наведува, Германскиот фудбалски сојуз покренал истрага, а во склоп на неа има дури 17 натпревари кои се одиграле во германските лиги.

    Главно се работи за дуели во третото натпреварување, како и во пониските лиги, но некои натпревари одиграни во Бундеслигата и Цвајте би можеле да бидат под лупа на истражителите.

    Се наведува и дека одредени дефанзивци намерно грешеле и пропуштале играчи, а во целата шема биле вклучени и голманите кои им дозволувале на ривалите да постигнуваат голови.

    Ова не би било првпат Германија да се најде во центарот на фудбалски скандал поврзан со местење, а претходно тоа беше во случајот „Хојцер“ кога судијата Роберт Хојцер призна дека учествувал во местењето на дури девет натпревари во оваа земја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img