Од полноќ се намалува цената на бензинот од типот „еуросупер-95“ за 2 денара, а цените на бензинот „еуросупер-98“, дизелот, масло за домаќинство и мазутот остануваат исти.
Согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, бензинот „еуросупер – 95“ ќе се продава по цена од 74,50 денари за литар, а „еуросупер-98“ по цена од 78,50 денари
Од полноќ цената на дизелот останува 69,50 денари за литар, а екстра лесно масло за домаќинство 68,50 денари за литар.
Цената на Мазутот останува 44,780 денари за килограм.