Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, запрашан дали наведената поддршка на претседателот Владимир Путин за кандидатот за претседател на САД, Камала Харис, е сериозна или е шега,рече дека луѓето ќе мора сами да го сфатат тоа, пренесува Ројтерс.
Путин на интервју во четвртокот рече дека ја претпочита Харис наместо Доналд Трамп, наведувајќи го нејзиното „заразно“ смеење како причина зошто таа можеби е помалку склона кон тоа да ја казни Русија со санкции.
Тој беше насмеан додека ја изнесуваше забелешката, нешто што е еден од неколкуте навидум задевачки коментари кои ги даде во текот на кампањата во САД.
– Кога го прашуваат за меѓународните прашања, тој ги коментира. Што се однесува до неговиот тон, луѓето во странство, кои се заинтересирани, мора да се обидат да го протолкуваат тоа – одговори Песков на прашањето дали Путин бил сериозен.
Белата куќа во четвртокот соопшти дека Путин треба да престане да ги коментира изборите во ноември.
Песков рече дека приоритет на Путин е благосостојбата на Русија и дека „американските нешта не можат да бидат и не се грижа што е на врвот на агендата на претседателот“.