Кај дете на возраст од 12 години, жител на од село Долно Коњари, Општина Петровец, се потврдени морбили, соопшти директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.
Како што појасни Андоновска, според епидемиолошката анкета, болеста е донесена од Нови Пазар, Србија.
Детето не е вакцинирано против оваа заразна болест.
– Ова е втор докажан позитивен случај оваа година во Македонија. Првиот е регистриран во јуни, во Лабуништа, Струга. Се работи за невакцинирано дете. На 3 септември од Инфективната клиника е препратено до Институтот за јавно здравје, 12 годишно дете, коешто било сомнително на морбили и после направените анализи констатирано е дека детето е позитивно. Се работи за импортиран случај од Србија, во Нови Пазар, каде што веќе има појава на морбили“, рече Андоновска.