More

    Маж со пиштол упаднал во просториите на болница во Загреб, пренесуваат медиумите во регионот

    spot_img

    Маж со пиштол упаднал во просториите на болница во Загреб, пренесуваат медиумите во регионот, пренесува хрватски Јутарњи лист.

    Загрепската полиција денеска во 10.05 часот добила дојава од болницата дека маж се заканува со оружје за кое не се знае дали е вистинско.

    Лекарите и другиот персонал наводно се заклучиле во канцелариите со пациентите.

    – Бев на преглед во Зелената зграда и влегоа двајца полицајци, од кои едниот со голема пушка. Кога излегов пред влезот, еден од вработените во болницата ни рече дека треба да одиме кон роторот, дека не можеме да поминеме низ кругот на болницата. Кога се свртев, се беше полно со полиција – изјави анонимен пациент.

    Преговорите со заканувачот траеле извесно време, а драмата се одвивала во психијатриското одделение на загрепската болница. Просторот е испразнет, ​​полицијата преговарала со напаѓачот и за среќа нема повредени. Полицијата на крај успеала да го совлада мажот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img