More

    Поранешната министерка не штедела народни пари на патувањето во Саудиска Арабија

    spot_img

    Поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на службен пат во Саудиска Арабија  купила 5 дреса од познат фудбалски клуб, козметики, кошула, поло маички и луксузен накит, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение каде откриваат нови детали од скандалот со трошење народни пари.

    Од ВМРО-ДПМНЕ велат:

    „Бисера Антоанета трошела пари од службената картичка за приватни работи и на нејзиното патување во Ријад, Саудиска Арабија.

    Во период од 12.09.2023 до 18.09.2023 година Антоанета е на службен пат во Ријад, Саудиска Арабија, а од 19.09.2023 до 21.09.2023 година е во Брисел, Белгија. За оваа намена таа подига пари во кеш од благајната на министерството 2.000 долари и 900 евра.

    Како стигнала, Антоанета се фрлила на трошење. Во ALL Hillal  купила 5 дресови од фудбалски клуб за 70 евра, платени со службени пари.

    Шопинг манијата на Бисера Антоанета не застанува тука, таа во „Parfois“, продавница за накит, облека и аксесоар за жени потрошила 20 евра, а во Alshaya group си купила козметички производи за 35 евра и истите ги платила во кеш.

    Бисера продолжила, и секако од куфер повеќе дома никогаш не боли глава, па одлучила во Niccole Miller да купи мал куфер за 38 евра, и да го плати во кеш со службените пари.

    Куферот морал со нешто да се наполни, па Бисера Антоанета  заминала во Apparel group каде си купила темно плава кошула за 39 евра, и 3 ПОЛО ХХL црни маици за 95 евра.

    Сите овие кошули, куфери, поло маици, накит и облека ги плаќала или со службената картичка или со службените пари. Ова е раскалашено и расипничко однесување. Ова е пример како се трошеле народни пари од министрите на СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Претходно, во текот на денот, ВМРО-ДПМНЕ обзнани и дека екс-министерката не сакала да оди со автомобил на службен пат во Цетиње во Црна Гора, па потрошила 1.700 евра за да лета со авион. Во низата скандали кои се спомнуваат се и  трошењата за летови за Дубаи и за Лондон и за луксузен стан во Виена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img