Израелската армија се обидела да прегази палестински новинари додека снимале и известувале за армиската инвазија на логорот Џенин!
На видеата кои кружат на интернет, а ги пренесоа и некои познати медиумски куќи, може да се видат новинари и сниматели со јасни ознаки ПРЕС на облеката, кои снимаат и известуваат.
Новинската екипа на палестинската телевизија во еден момент почнува да се повлекува, бидејќи кон нив се упатува оклопно возило булдожер и се слушаат истрели.
Според извештаите, сè се случило во четвртокот, на 30 август, во близина на кружниот тек Асфур во Џенин, на север од окупираниот Западен Брег.
областа – изјави за Алмајадин член на новинарската екипа.
Израел минатата недела започна голема воена операција на Западниот Брег, наведена како „антитерористичка операција за борба против теророт“ во Џенин и Тулкарм.