Фронтменот на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓоргевиќ, е во болница во Љубљана, а поради лошата здравствена состојба е приклучен на респиратор и со денови е под лекарски надзор.
Според информациите, пејачот е интубиран и е во многу тешка состојба, пренесува српски Телеграф.
– За жал, состојбата сѐ уште е критична, а Бора е на одделението за интензивна нега – изјавил извор запознаен со приликите.
Сопругата на Бора, Дубравка, одбива да се огласи на оваа тема.