Прогласена е епидемија на морбили во Подгорица и во Будва

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во Подгорица и во Будва е прогласена епидемија на мали сипаници (морбили) откако во текот на минатата недела беа регистрирани 3 нови случаи на мали сипаници, со што вкупниот број на регистрирани случаи во Црна Гора во последните 5 месеци се зголеми на 19.

Институтот за јавно здравје апелира до родителите да ги вакцинираат своите деца и предупредуваат дека постои опасност од ширење на епидемијата на морбили. Родителите се повикуваат да не испраќаат невакцинирани деца во установите (предучилишни установи, игротеки, јасли, спортско-рекреативни објекти, патувања, екскурзии…).

„Малите сипаници се акутна, заразна, вирусна болест предизвикана од вирусот на мали сипаници. Ризик да се заразат со вирусот на сипаници имаат лицата кои не прележале мали сипаници или кои не биле вакцинирани против сипаници“, објави подгоричкиот портал ЦдМ.

Share This Article