More

    Рускиот напад направи голема штета во енергетскиот сектор, вели Зеленски

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија истрелала повеќе од 100 проектили и лансираше 100 беспилотни летала за време на најновиот утрински напад врз Украина.

    – Нанесена е голема штета на енергетскиот сектор – рече Зеленски на каналот Телеграм.

    Британските медиуми јавуваат дека Зеленски повторно ги повика сојузниците да се држат до договорот за набавка на противвоздушни системи и ракети и додаде дека Украина и нејзините партнери треба да создадат заеднички противвоздушен договор за „соборување руски беспилотни летала и ракети“.

    Русија синоќа лансираше неколку десетици беспилотни летала камикази кон Украина, а утрово изврши масовен напад со крстосувачки и балистички ракети, јавија претходно украинските медиуми.

    Експлозии се слушнаа во Киев, Луцк, Запорожје, Одеса, Лавов, Харков и други украински градови.

    Украинските власти соопштија дека во нападите загинаа најмалку четири лица и дека дел од Украина е останата без струја, а на некои места нема и вода.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img