Бен Афлек среде разводот, „уловен“ со ќерката на Кенеди

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По веста дека се разведува од Џенифер Лопез, Бен Афлек (52) беше забележан како сè почесто своето време го поминува со Кетлин Александра Кенеди (36), позната како Кик Кенеди, инаку ќерка на Роберт Ф. Кенеди помладиот.

Извори од Холивуд за „Пејџ сикс“ изјавија дека тие двајца неодамна биле видени во хотел во Беверли Хилс како и на други популарни места, но сè уште е непознато дали тие двајца се во љубовна врска. Новинарите веќе ги контактираа во врска со оваа тема, меѓутоа Кик одби да даде коментар, а Бен сè уште не одговорил ништо.

За разлика од нејзиниот татко, Кик не се занимава со политика и се обидува да ја изгради својата кариера во светот на глумата. Досега Кик имаше улоги во филмовите: „Haven’s Point“, „Teacher of the Year“ како и во филмот „Fear and Loathing in Aspen“.

Како што е веќе познато, Џенифер Лопез, минатиот вторник поднесе барање за развод од Афлек, а како причина за тоа ги потенцираше нивните меѓусебни непомирливи разлики. Додека пак, на Бен му пречело постојаното медиумско влијание на коешто бил изложен како сопруг на Џенифер. Меѓутоа, нивни пријатели наведуваат дека Бен не се трудел да го спаси бракот, додека Џенифер очајнички се трудела да ја спаси нивната љубов.

Изворот од Холивуд за „Пејџ сикс“ рекол дека актерот не се срами од својата потреба за осаменост и дека е горд на фактот што секогаш се грижел за себеси, како и тоа дека ќе продолжи со својата работа во иднина.

Share This Article