Македонски државјанин почина во Кукуш по страшна сообраќајка

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила во близина на Килкис (Кукуш) во северниот дел на Грција, при судир на два автомобила животот го загубил 55-годишен државјанин на Северна Македонија, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, автомобилот со кој управувал 55-годишникот директно се судрил со друг автомобил управуван од 44-годишна жена.

На местото на несреќата пристигнале и пожарникари, кои интервенирале за да го извлечат возачот, кој бил пренесен во болница во Солун, каде што била констатирана смрт.

Во вториот автомобил заедно со 44-годишната, се превезувале и 38-годишен маж и две тригодишни девојчиња, а сите биле пренесени во болница.

Причините за несреќата засега не се познати, а започната е прелиминарна истрага.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека осум пожарникари со четири возила интервенирале за извлекување на маж во безживотна состојба и повредена жена од две возила по сообраќајна несреќа кај Неа Санта во пошироката област на Килкис (Кукуш).

Share This Article