More

    Сончево и топло време, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец

    spot_img

    Денеска нѐ очекува сончево и топло време, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне и кон крајот на денот во западните делови ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи.

    Минималните утрински температури ќе се движат од 11 во Берово до 20 во Гевгелија, а максималните дневни од 28 во Маврово и 36 Целзиусови степени во Гевгелија.

    Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од 18 до 36 степени.

    Во вторник во земјава ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

    Минималната температурата ќе се движи од 10 до 20 степени, до максимални 29 до 36 степени.

    Слично време нѐ очекува и в среда и в четворток, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи.

    Минималната температурата ќе се движи од 10 до 19 степени, до максимални 30 до 36 степени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img