More

    Нејзините слики од авионот и од патувањето го запалија интернетот

    spot_img

    Сопственикот на социјалната мрежа Телеграм, Павел Дуров беше уапсен на аеродромот во Париз, а телеграмскиот канал „База“ наведува дека со него била и жена по име Јулија Вавилола (24). Засега не е познато дали двајцата биле во емотивна врска, но како што се дознава таа често престојувала на местата каде што бил тој.

    Таа неодамна на својот Инстаграм профил објави дека од Казахстан дошла во Азербејџан, каде што бил Дуров. Од објавените слики се гледа дека таа била во приватен авион, чија внатрешност наликува на авионот со кој Дуров пристигнал во Париз.

    Роднина на Јулија за „База“ изјави дека таа пред два дена последен пат ѝ се јавила на нејзината мајка. Мајката потоа се обидела да и се јави на ќерка си, но не успеала.

     

     

    Јулија живее во Дубаи и води канал за криптограми на арапски јазик и се нарекува себеси гејмер и инвеститор во криптовалути.

     

    За потсетување, сопственикот на Телеграм, Павел Дуров, беше приведен во петокот вечерта поради неговото наводно одбивање да соработува со француските власти, поради што е осомничен дека е вмешан во серија кривични дела и му се заканува затворска казна до 20 години.

    фото: Приватна архива
    фото: Приватна архива
    фото: Приватна архива
    фото: Приватна архива
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img