„Да тоа е уште една убава вест. Во двете компании и Национални шуми и АД Водостопанство, мислам дека близу 3000 вработени се, плати кои не ги добиле изминатите 4 месеци од Буџетот, практично со ребалансот беа обезбедени средства за исплата на овие плати, повеќе од 350 милиони денари. И добро е денеска што веќе е донесена одлуката и веќе ќе почнат да се исплаќаат истите.“, вели Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот Мицкоски потенцираше дека во ЈП Национални шуми веќе почнала исплатата, во АД Водостопанство веќе од понеделник.
„Промената е програмата, веќе во Национални шуми легнаа средства на сметките на вработените, а најдоцна до понеделник ќе бидат и во АД Водостопанство. Така ќе продолжиме и во иднина, тука не треба да се потцени фактот дека со ребалансот обезбедивме плус милијарда денари заостанати долгови за земјоделците, кои што претходната влада им ги должи. Исто таква една милијарда ќе предвидиме за следната година, така што полека покрај редовната исплата на субвенциите за земјоделците, ќе имаме и средства со кои ќе ги вратиме оние долгови кои што ги има направено владата ан СДСМ и ДУИ.“, дециден е Мицкоски.
Мицкоски истакна дека Владата води грижа за секој граѓанин, посочувајќи дека времето на елитите заврши, односно како што рече тој е политичар од народот и му е важен секој еден граѓанин.
„Она кое што го добивам како информација од терен им се помага на производителите на слива, цените кои се за лозарите се рекордни за 25 проценти повисоки. Така што се грижиме за секој еден човек. секој еден граѓанин ни е важен бидејќи ние сме политичари кои се од народот и така ќе продолжиме да се однесуваме. Времето на политички елити заврши.“