More

    Израелците им порачаа на жителите на северниот дел да си заминат

    spot_img

    Израелската армија денеска им порача на жителите на неколку населби во северниот дел на Газа да избегаат, пред новата воена операција по повторените ракетни напади.

    Луѓето треба да одат во засолништа западно од градот Газа, се вели во апелот објавен од портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) на арапски.

    Во услови на тековно гранатирање од областа, ИДФ планира да преземе акција против палестинскиот исламистички Хамас и другите терористички организации таму, пренесе ДПА.

    Хуманитарните организации се повеќе ги критикуваат постојаните повици на ИДФ за евакуација на цивилите во Појасот Газа.

    – Постојаните наредби за евакуација ги уништуваат семејствата во Газа и масовно ја попречуваат помошта за спасување на животи – рече Мартин Фрик, шеф на берлинската канцеларија на Светската програма за храна на ОН.

    – Речиси сите во Газа се раселени поради постојаните наредби за евакуација од октомври 2023 година – додаде тој.

    Според него, севкупно, околу 86 отсто од појасот е област од која треба евакуација. Само во август бројните повици за бегство погодија четвртина милион луѓе.

    – Некои семејства бегаат по десетти пат – нагласи Фрик.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img