More

    Млад човек нападнал морски предатор кој наликува на змија, погледнете!

    spot_img

    Снимка од млад човек нападнат од баракуда стана вистински хит на социјалните мрежи. Како да не стане кога е снимена во моментот кога рибата удрила во него.

    Младиот човек скокнал во морето и почнал да плива. Тогаш, сосема неочекувано, кон него се втурнала риба. Таа не го каснала, но не е јасно зошто воопшто го нападнала.

    За среќа, таа не му направила ништо, па оваа средба беше прилично безопасна – момчето само доби модринка и прилично необична приказна за раскажување. На крајот на краиштата, малкумина можат да се „пофалат“ дека биле нападнати од оваа риба.

    Баракудите се совршени предатори. Станува збор за риба од родот „Sphyraena“, која најчесто живее во тропските и суптропските океани ширум светот. Тие се претежно индивидуални предатори кои ретко ги гледаме во јато. Имаат исклучително добар вид и молскавично брзи движења. Веднаш по стартувањето, тие можат да достигнат брзина од над педесет километри на час. Како агресивни предатори, тие не „држат место“, туку постојано мигрираат и бараат плен.

    Баракудите по изглед се слични на змии, со истакнати заби со остри рабови кои личат на песјаци. Забите се наредени во два реда и кога ќе загризат ја мелат жртвата оставајќи големи рани. Имаат големи зашилени глави кои изгледаат заканувачки. Нивниот изглед е функционален, а не психолошки. Нема потреба да се заплашува противникот, бидејќи нападите се молскавично брзи.

    Се хранат со мали и средни риби како сарделата, скушата, харингата… Напаѓаат лигњи, но и пуфери и ракови. Понекогаш дури и членови на нивниот сопствен вид. Повеќето од овие предатори се со големина од половина до еден метар, но некои можат да пораснат и повеќе од три метри. Евидентирани се и случаи на напади врз мажи, како што е овој млад човек, но тоа се ретки исклучоци. Се верува дека таквите напади се случуваат во услови на намалена видливост, каде што рибата инстинктивно реагира на движење, и не ја гледа големината на пленот.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img