Руската воздушна одбрана собори 45 украински беспилотни летала над пет региони, 11 над Москва

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Руските противвоздушни сили синоќа уништија 45 украински беспилотни летала, од кои 11 над московскиот регион, соопшти руското Министерство за одбрана.Забележано е дека уште 23 биле соборени над областа Брјанск, шест уреди се уништени над регионот Белгород, три над регионот Калушка и две над регионот Курск, пренесува РИА Новости.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, претходно објави дека тоа е еден од најголемите обиди за напад на руската престолнина со беспилотни летала досега.

Гувернерот на руската област Брјанск, Александар Богомаз, претходно утринава пријавил седум соборени дронови над тој регион во рок од еден час, пренесува Танјуг.

Богомаз додаде дека нема жртви или разурнувања.

Речиси секој ден Украина се обидува да користи беспилотни летала за да нападне цели во пограничните и централните региони на Русија.

Share This Article