Невреме со грмотевици синоќа го зафати централниот дел на Хрватска, а во вечерните часови силен дожд падна и во Загреб, каде што беа поплавени голем број објекти во центарот на градот, а при интервенција беше повреден еден пожарникар.
Загрепските пожарникари поради обилните врнежи имале дури 35 интервенции, најмногу поради поплавени подруми, згради, неколку пожари и извлекување на потопени возила, пренесува Index.hr.
Пожарникарот се повредил при падот, кој превентивно бил пренесен во болница на набљудување.