More

    Путин вчера пристигна во посета на Азербејџан, а на социјалните мрежи повторно се расправа за неговото лице кое изгледа значително поинаку од пред само неколку дена

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин вчера пристигна во посета на Азербејџан, а на социјалните мрежи повторно се расправа за неговото лице кое изгледа значително поинаку од пред само неколку дена.

    Ова е трета посета на Путин на Азербејџан од почетокот на годинава, а беше пречекан од претседателот на земјата Илхам Алиев.

    Се очекува Путин денеска да положи венец на гробот на поранешниот претседател на Азербејџан Хејдар Алиев, како и на споменикот на Вечниот пламен, по што ќе се сретне со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.

    Потоа ќе следуваат разговори меѓу делегациите на двете земји за развојот на стратешкото партнерство, како и за актуелните меѓународни и регионални проблеми. Покрај тоа, планирано е и церемонија на потпишување на договорот меѓу двете земји.

    Сепак, она што најмногу привлече внимание на социјалните мрежи е лицето на Путин, особено образите.

    Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, прв сподели две видеа од Путин и изјави дека се направени со разлика од само неколку дена.

    – Путин во Баку изгледа поинаку од Путин на седницата на Советот за безбедност пред неколку дена, нели? – истакна Герашченко.

     

     

     

     

    Гнев на состанокот за Курск

    На видеата што ги објави, Путин може да се види на неодамнешниот состанок на Советот за безбедност на Русија, на кој се разговараше за ситуацијата во Курск, каде што украинската армија забрзано напредува.

    На тој состанок рускиот лидер беше фатен како бурно реагира на тврдењата на неговите соработници дека Украинците контролираат дел од руската територија во Курск.

    – Слушај, Алексеј Борисович, воениот оддел ќе нѐ информира за ширината и длабочината таму. Ќе ни кажувате за социо-економската состојба и ќе известувате за помагање на луѓето – му рекол рускиот претседател на вршителот на должноста гувернер додека зборувал за Курск.

    Во областа Курск во Русија, Украина започна контраофанзива на 6 август и сега контролира дел од населбата. Украинскиот лидер Володимир Зеленски изјави дека повеќе од 100 руски војници се заробени во Курск и дека целта на Украина е да создаде тампон зона за да спречи понатамошни напади од Москва преку границата.

    – Сега наша примарна задача во одбранбените операции во целина е да уништиме што е можно повеќе од рускиот воен потенцијал и да спроведеме максимални контраофанзивни акции. Ова вклучува создавање на тампон зона на територијата на агресорот – рече тој во своето ноќно обраќање.

    Дали Путин користи двојник?

    Овие две видеа во кои лицето на Путин изгледа „поинаку“ повторно ја разгореа полемиката околу тоа дали тој користи двојник.

    Некои набљудувачи го посочија менувањето на изгледот на рускиот претседател низ годините како можен доказ дека тој користи некого за да се појави на негово место на настани на кои или не сака да присуствува или ги смета за премногу ризични.

    Нашироко се верува дека откако Путин првпат стана претседател во 1999 година, тој редовно прави пластични операции додека старее.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img