Невидено невреме ја зафати Виена (Фото Видео)

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Обилните дождови ги погодија австриските алпски региони, оставајќи под вода делови од Виена, а невремето предизвика штети во делови од земјата и го прекина патниот и железничкиот сообраќај, соопштија властите и локалните медиуми. Поројниот поток носеше автомобили во ски-центарот Сент Антон во западна Австрија, а рекордни дождови погодија делови од Виена на истокот од земјата, објави ОРФ.

Од силината на поројот во северниот дел на Виена, една жена заврши под автобус и во критична состојба е пренесена во болница, пренесува Б92.

 

 

Противпожарните служби примија околу 450 повици во Виена, откако невремето предизвика сообраќаен колапс и го прекина железничкиот сообраќај.

Невремето и дождовите предизвикаа големи штети во многу делови на Австрија“, изјави австрискиот канцелар Карл Нојхамер на платформата „Икс“.

Во виенската област Доблинг наврнале 110 литри дожд на метар квадратен, што е рекорд за август.

Метеоролозите велат дека за еден час врнело дожд во главниот град на Австрија, како што врнело речиси цело лето.

ОРФ потсетува дека во август во просек паѓаат 68 литри дожд на метар квадратен.

- Advertisement -
Ad image

 

Share This Article