Европската комисија предложи промени во планираното ембарго на руската нафта во обид да ги придобие државите кои не сакаат

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Европската комисија предложи промени во планираното ембарго на руската нафта во обид да ги придобие државите кои не сакаат, изјавија денеска три извори од ЕУ за Ројтерс. Изменетиот предлог, за кој претставниците на ЕУ разговараа на состанокот утринава, вклучува да им се даде на Унгарија, Словачка и Чешката Република повеќе време да се приспособат на ембаргото и да помогнат во надградбата на сопствената нафтена инфраструктура, велат изворите.

Тој, исто така, вклучува и тримесечна транзиција пред да им забрани на транспортните услуги на ЕУ да транспортираат руска нафта, наместо првичниот месец, додаде еден од изворите, кој сакаше да остане анонимен.

Според изменетиот предлог, Унгарија и Словачка ќе можат да купуваат руска нафта од цевководи до крајот на 2024 година, додека Чешка би можела да продолжи до јуни 2024 година, доколку претходно не добие нафта преку некој гасовод од јужна Европа, велат изворите.

Според првичниот предлог, земјите од ЕУ треба да престанат да купуваат руска сурова нафта шест месеци по усвојувањето на мерката и да го стопираат увозот на рафинирани нафтени производи од Русија до крајот на годината. На Унгарија и на Словачка првично им беше дадено рок до крајот на 2023 година да се приспособат.

Бугарија, исто така, побара исклучоци, но не ѝ се понудени отстапки за роковите, рече еден официјален претставник, „бидејќи тие немаат вистинска поента“. Останатите три земји на кои им беше дадена поголема слобода „имаат објективен проблем“, додаде официјалниот претставник.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави претходно во петокот дека на Унгарија ќе ѝ требаат пет години и огромни инвестиции во рафинериите и нафтоводите за да може да го трансформира сегашниот систем кој се потпира околу 65 отсто на руската нафта.

Предложеното продолжување на периодот за воведување забрана за превоз за компаниите од ЕУ да транспортираат руска нафта низ целиот свет има за цел да одговори на загриженоста на Грција, Малта и Кипар за влијанието на мерката врз нивните бродски компании, рече еден официјален претставник.

Според првичниот предлог, претставен од Комисијата во средата, компаниите од ЕУ ќе мора да престанат да нудат услуги за превоз, посредување, осигурување и финансирање на транспорт на руска нафта низ целиот свет за месец дена од сега.

Share This Article