More

    Кина успешно го тестираше својот нов воз на магнетна левитација (маглев) со ултра голема брзина, кој може да достигне брзина до 1.000 километри на час

    spot_img

    Кина успешно го тестираше својот нов воз на магнетна левитација (маглев) со ултра голема брзина, кој може да достигне брзина до 1.000 километри на час. Тој, засега, е најбрзиот воз во светот.

    Демонстрацијата, спроведена во провинцијата Шанкси, претставува значајна пресвртница во напорите на Кина да остане глобален лидер во железничката технологија. Новиот маглев воз беше тестиран во 2 километри долга вакуумска цевка во округот Јангао, во градот Дантонг.

    Возот буквално „плови“ над шините, користејќи магнетна левитација. Тоа го елиминира триењето, овозможувајќи му да се движи многу побрзо од традиционалните возови. Новите воз постигна двојно повисока брзина од максималната брзина на најбрзиот воз во светот кој е во оперативна употреба.

    Познатиот Шангај Маглев може да патува со брзина од 460 километри на час. За време на тестот, новиот маглев воз покажа дека може прецизно да се движи, да остане стабилен и безбедно да запре. Брзината и висината на возот биле точно според планираното, а сите системи работеле како што се очекувало.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img