Харис и Мелина Џиновиќ се разведоа по 22 години брак. Иако важеа за еден од најскладните парови на јавната сцена, на нивната љубов и дојде крајот.
Пејачот Харис Џиновиќ имаше многу успешна кариера кога започна врска со Мелина Џиновиќ.
Мелина во една прилика изјави дека токму Харис ѝ помогнал да создаде успешна кариера како модна дизајнерка.
– И понатаму ми е најомилено да бидам сопруга на Харис Џиновиќ од повеќе причини. Токму тој е оној кој го поддржа мојот бренд да биде таму каде што е сега – изјави Мелина.
Во една прилика таа откри дека токму Харис наместо неа донесува деловни одлуки.
– Со оглед на тоа дека сум импулсивна кога донесувам деловни одлуки и го немам животното искуство како што го има Харис, речиси сите деловни одлуки, за моја голема среќа, беа донесени токму од него – изјави тогаш таа.
Мелина, да потсетиме, отворено зборуваше дека планира уште едно дете со Харис, покрај ќерката Џина и синот Кан.
– Многу го сакаме тоа, се обвинувам себеси што сум неодлучна, требаше да одиме и на трето, што не е исклучено, сакаме… Децата и семејството ни се смислата на животот, дефинитивно, работата и сè друго е на второ место – изјави пред неколку години Мелина за „Блиц“.
И пред разводот Мелина, благодарени на Харис, како дизајнерка заработуваше многу пари веќе стекнувајќи славно име, а по разводот, според српските медиуми, побарувачката по нејзините креации е уште поголема.