Делови од Црна Гора и Хрватска вчеравечер беа погодени од силно невреме.
Во градот Беране во Црна Гора падна дожд проследен со град, додека северниот и централниот дел на Истра во Хрватска беа погодени од невреме со грмежи, град и пороен дожд, пишува хрватски Индекс.
„Температурите на северниот дел од Хрватска при ова краткорочно влошување на времето паднаа од 35 на само 17 степени“, објави истарскиот метеоролошки портал Истрамет.
Првичните информации покажуваат дека невремето не предизвикало поголема материјална штета.