Летонската министерка за надворешни работи Баиба Брeјз го бранеше упадот на Украина во Русија, додавајќи дека Киев „има право“ да користи оружје што го снабдува НАТО, пишува Би-Би-Си. Летонија е една од најверните сојузнички на Украина во НАТО и дава 0,25 отсто од својот БДП во воена помош секоја година.
Силната изјава на министерката Брејз доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин претходно ја опиша употребата на оружје на НАТО на руска територија како „црвена линија“.
– Тие се украински оружја – рече Брејз во интервју за програмата Њушор на Би-Би-Си, додавајќи дека „консултациите меѓу правните експерти во земјите на НАТО“ заклучиле дека „правото на самоодбрана го опфаќа и правото на контранапад“.
Брејз ги отфрли тврдењата на руските власти дека украинските сили убиваат цивили како руска „пропаганда“.
– Од украинската комуникација уште од првиот момент беше многу јасно дека нивните напади се против воени објекти – рече таа.