ОПЕК ја намали прогнозата за побарувачката на нафта

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ја намали прогнозата за раст на побарувачката на нафта за 2024 година за прв пат оваа година за 135.000 барели дневно на 2,1 милиони барели на ден (bpd) поради послабата побарувачка на енергија во Кина.

Кинеската економија порасна за 5% на годишно ниво во првиот квартал и забави на 4,7 отсто во вториот квартал од 2024 година, покажаа податоците од Кинеското Национално биро за статистика (НБС).

Според прогнозата на ОПЕК, главниот придонес за растот на побарувачката на нафта во 2024 година ќе го имаат земјите кои не се членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

За раст од 1,9 милиони барели дневно ќе придонесат пред се Кина, Индија и земјите од Блискиот Исток.

Земјите од Северна и Јужна Америка ќе додадат нови 0,2 милиони барели дневно, додека за Европа се предвидува благо намалување на потрошувачката.

фото: pixabay.com

Share This Article