More

    Иран ќе го нападне Израел оваа недела, предупредува Вашингтон

    spot_img

    Иран или неговите „прокси сили“ ќе го нападнат Израел можеби оваа недела, според Белата куќа, отсликувајќи ги изјавите на израелската влада која рече дека нападот е сè поверојатен, пишува британски Гардијан.

    – Мораме да бидеме подготвени за она што може да биде значителна серија на напади – рече во понеделникот советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, додавајќи дека САД ги зголемиле нивните сили и капацитети во регионот дури и во последните неколку денови.

    САД во неделата објавија дека наредиле распоредување на подморниците УСС Џорџија на Блискиот Исток, во услови на зголемена загриженост поради решеноста на Иран да се одмазди за атентатот на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран.

    Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, во понеделникот размени зборови со својот министер за одбрана, нагласувајќи ги длабоките внатрешни поделби што продолжуваат да ја мачат владата бидејќи војната во Газа ризикува да прерасне во поширок регионален конфликт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img