Узбекистански тренер доживеа срцев удар поради возбуда

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Селекторот на боксерската репрезентација на Узбекистан, Тулкин Киличев доживеа срцев удар за време на прославата на златото на неговиот избраник.

Тој можеше да го загуби животот пред четири дена додека го прославуваше златото на Хасанбој Дусматов.

Животот на селекторот на Узбекистан го спасиле неговите британски колеги, тврди Сан и наведува дека Киличев доживеал инфаркт во просториите на Ролан Гарос, каде се одржуваше боксерскиот меч.

Во моментот кога доживеал срцев удар, до него биле двајца членови на олимпискиот тим на Велика Британија кои почнале да го оживуваат.

– Тоа беше повик за лекар. Многу тренери беа видно вознемирени од целата ситуација, па ни требаше малку време да ги тргнеме сите од патот. На почетокот не реагираше, но по околу 20-30 секунди се освести, што беше одлично – изјавија за Сан физиотерапевтот Роби Лилис и докторот Харџи Синг.

Би-Би-Си јави дека тој е пренесен во болница и е во стабилна состојба.

По неколку дена во посета на Киличев дојдоа неговите боксери кои му се пофалија со освоените медали и му ги ставија околу вратот додека тој лежеше во болничкиот кревет приклучен на апарати.

 

 

- Advertisement -
Ad image

 

 

 

- Advertisement -
Ad image

Share This Article