More

    Литиум нема да се ископува уште сигурно 2 години, посочи Вучиќ

    spot_img

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска говори по повод протестот што синоќа беше организиран во Белград против „Рио Тинто“ и ископот на литиум, објави српска Нова.

    – Самото собрание се одвиваше во демократска атмосфера, што е многу важно за нашата земја. Меѓутоа, како што заврши средбата, се случија работите што ги очекувавме. Заземањето на меѓународната железница и запирањето на автопатот и мостот Газел не се придонес за демократијата, туку потсмев и спроведување на насилството и волјата на малцинството над мнозинството – рече Вучиќ.

    Тој ѝ честиташе на полицијата за почитувањето на сите права на насобраните.

    – Им честитам на сите наши безбедносни сили за нивната професионалност и за интервенцијата изведена со минимална физичка сила, среќен сум што без разлика на насилството што беше извршено врз обичните граѓани, реагиравме толку воздржано, смирено и мудро. Демонстрантите би си поминале поинаку во секоја западна земја – смета тој.

    Вучиќ најави дека „ќе разговара со народот“

    – Ќе разговараме со народот. Ќе одам во Лозница и во Крупањ, Мали Зворник, Милановац, Чачак, Ваљево, ќе одам на секое место. И нема да одржувам големи митинзи за да ви покажам колку луѓе можам да добијам. Ќе одам да разговарам со оние што мислат поинаку, со обичните луѓе. Да зборуваме за нивниот страв – рече тој.

    Тој посочи дека литиум сигурно нема да се ископува уште 2 години.

    – Првин, сè уште не знам дали ќе го направиме тоа или не, имавме некои истражувања, а некои не. Добивме некои студии, некои допрвин ќе ги видиме. Тогаш ми завршува мандатот. Дали луѓето во Србија навистина мислат дека сум глупав и луд, дека ќе направам нешто против мојата земја и мојот народ? Ја сакате земјата повеќе од мене? Зошто? Бидејќи така мислите или бидејќи имате повеќе информации од мене? Тешко – рече српскиот претседател.

    Вучиќ се осврна и на прашањето за сулфурна киселина, која се користи за екстракција на литиум од јадаритната руда, наведувајќи дека таа се користи насекаде во светот.

    – Нема сфера на општественото живеење каде што не се користи. Нема хемиска индустрија, нема ништо без сулфурна киселина – рече тој.

    Вучиќ мисли сѐ најлошо за „Рио Тинто“

    – Дали сѐ е идеално и што мислам за таа компанија? Сѐ најлошо. Ќе бидам најлошиот можен полицаец за Рио Тинто, ќе бидам полош за нив од сите оние кои наводно се бореле против нив, а всушност сакале да ја преземат власта – изјави Вучиќ.

    Тој изјави дека формирале здравствен тим бидејќи ќе ја следат секоја евентуалност за да има целосна превенција.

    – Ги назначивме најдобрите лекари. А како аргументација се спротивставивте на аргументацијата на Топалко, Сека Алексиќ и Цеце Бојковиќ. И тоа е веројатно зборот на професијата. А вие го избркавте од професијата единствениот кој ви беше експерт во „Проглас“, тоа е професорот Цветковиќ, кој е токму за рудникот. Не му дозволивте да се појави и да зборува – додаде Вучиќ.

    Тој тогаш изјави дека е подготвен за референдум.

    – Дали сакате референдум на територијата на градот Лозница или на територијата на цела држава? – праша Вучиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img