More

    Претседателските кандидати го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори

    spot_img

    Кандидатите за претседател на државата денеска во Државната изборна комисија го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори, освен кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

    Јакимовски рече дека ќе го почитува Кодексот за фер и демократско водење на претседателската кампања, но нема да го потпише ако актуелниот шеф на државата, Стево Пендаровски не даде јавно ветување дека Мастер дебатата, за којашто денеска од Изборниот штаб на Пендаровски рекоа дека се откажува, сепак ќе се одржи.

    – Навистина е чудно што на локални избори одиш на дебата три пати, кога се разговара за канализации, водоводи и паркови, а кога разговараме за битни државни прашања да немаме ниту една дебата – рече Јакимовски.

    Актуелниот претседател Стево Пендаровски изрази уверување дека имаме доволно институционална меморија како држава и доволно политичка култура меѓу сите кандидатите да го одржат нивото на дебата и целиот процес да биде фер и демократски.

    – Ќе докажеме уште еднаш дека како држава сме подготвени да го извлечеме на највисоко демократско ниво овој процес, да речеме на едно просечно европско иоли светско ниво, бидејќи ова е иницијален чин во демократијата – рече Пендаровски.

    Гордана Силјановска-Давкова потпишувањето на кодексот го оцени како церемонијален чин и нормативен и морален илузионизам, но посочи дека лично таа ќе говори со аргументи и програма и ќе ги почитува сите кандидати.

    – Во некоја идна измена на Изборниот законик може да предвидиме и ваков орган – рече Силјановска-Давкова.

    Максим Димитриевски рече дека ќе ги прифати сите јавни настапи со сите претседателски кандидати и посака на овие двојни избори да победи демократијата.

    – Ќе ги прифатам сите јавни настапи каде што ќе бидам поканет, без разлика кој ги организира, а ќе ми биде чест и задоволство да дискутирам на сите теми отворено пред македонската јавност, со двајцата најфаворизирани противкандидати во моментов…факт е дека немаме сите исти права и можности иако истото ни е загарантирано со Устав – рече Димитриевски.

    Билјана Ванковска, нагласи дека Кодексот ќе го потпише, но не верува во ништо од ова, како што рече, празно парче хартија и побара телевизиите да организираат дебати со сите претседателски кандидати.

    – Вчера, јас со партијата којашто ме поддржува, Левица, поднесовме претставка пред Уставниот суд против членовите на ДИК и на ААВМУ заради дискриминаторна распределба на она малку време што го имаме за претставување пред граѓаните – рече Ванковска.

    Бујар Османи рече дека ќе се залага за позитивна кампања, порачувајќи дека повеќе станува политички морал и даден збор пред граѓаните дека ќе пристапат корекрно кон овие важни за нашата држава избори.

    Арбен Таравари изрази надеж дека овие избори ќе бидат најфер и најдемократски избори досега.

    Содржината на Кодексот ја прочита потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху, која нагласи дека ќе се залагаат сите учесници да ги почитуваат сите закони, нема да користат говор на омраза и за спроведување на успешно фер и демократски на изборите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img