More

    САД: Патувањата и авиокомпаниите бараат укинување на тестирањето за ковид за вакцинирани

    spot_img

    Најголемите американски авиокомпании и туристички компании побараа од Белата куќа да го укине задолжителното тестирање за Ковид 19 за вакцинирани патници во меѓународниот сообраќај што влегуваат во Соединетите држави.

    „Со оглед на бавното економско закрепнување во секторот за деловни и меѓународни патувања, како и во светлината на новите медицински откритија и подобрената слика за јавното здравје во Соединетите Држави, би сакале да ве поттикнеме веднаш да ја укинете обврската за тестирање на вакцинирани патници во авионите“. Се вели во писмото, потпишано од American Airlines, Carnival Corp, Marriott International, Disney Parks на Walt Disney, Американската стопанска комора, Американската асоцијација за патувања и други компании.

    Раководството на авиокомпанијата велат дека многу Американци се откажуваат од патување во странство поради страв дека нивниот тест за ковид може да се врати позитивен и тие нема да можат да се вратат во земјата.

    Во писмото до координаторот за коронавирус во Белата куќа, Ашиш Џау, се вели дека трошоците за одржување на мерката ќе бидат многу високи, додавајќи дека трошоците во секторот за меѓународни патувања паднале за 78 отсто од 2019 година.

    Дополнително, во писмото се вели дека владите на многу земји „со слични стапки на инфекција, вакцинација и хоспитализација – вклучително и Обединетото Кралство, Германија и Канада – ја укинале обврската за тестирање пред поаѓање за вакцинирани патници“.

    Администрацијата на Бајден во декември воведе построго правило со кое бара од меѓународните патници кои влегуваат во САД да имаат негативен тест за Ковид 19 не постар од 24 часа. Според досегашните мерки, вакцинираните патници во меѓународниот сообраќај може да покажат негативен тест направен до три дена пред патувањето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img