More

    Владо Јаневски ја откри магијата

    spot_img

    Владо Јаневски одржа целовечерен концерт во охридскиот Антички театар. Легендарниот македонски пејач и автор, кој во ноември ќе наполни 64 години, се појави на сцената облечен во колоритни панталони и светкава јакна.

    Јаневски уште еднаш покажа дека е во одлична форма, а неговите обожаватели од различни генерации уживаа во рефрените кои тој ги одбра да ги отпее за оваа прилика.

    Некаде на средина на вечерта тој откри еден интересен разговор кој го имал со Каролина Гочева.

    – Каролина еднаш ми рече дека и брзите песни ми се тажни љубовни приказни. А што да правам? Остарев, на 60 и кусур години ниедна не ме сака и си пишувам песни – се пошегува тој.

    Владо веќе трета година живее во Гевгелија. Во едно од неговите последни интервјуа откри дека сега единствена врска со Чаир му е берберот кој е таму и го пострижува еднаш месечно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img