Македонка, која на социјалните мрежи се потпишува како Сењорита Мистериоза, сподели уште една снимка која ги насмеа граѓаните.
Оваа атрактивна девојка во описот има напишано дека нејзините видеа „не се наменети за никој, ама ако чевличката ти е точна, тогаш носи си ја“.
Таа сега им се обрати на своите повеќе од 24.000 следбеници со урнебесна констатација.
„Ко че земи жена прилепчанка че оди директно во рајо! Оти цел живот пекол че му биди!“, се пошегува таа.
Еден корисник додаде: „А ако земи од Битола, е тогаш и рајот пекол ќе му се види“.