More

    Во Бразил се урна авион со 62 патници

    spot_img

    Патнички авион се урна денеска во јужната бразилска држава Сао Паоло, јавија американските медиуми, повикувајќи се на локални медиуми. Во авионот, како што соопшти бразилската компанија „VoePass“, се превезувале 58 патници и четворица членови на екипажот.

    Во несреќата нема преживеани, јавува bразилската телевизиска мрежа GloboNews.

    Пожарникарите потврдија дека авионот се урнал во градот Винедо, но не соопштија повеќе детали. На местото на несреќата се испратени противпожарни екипи.

    На настанот во јужен Бразил на кој присуствуваше, претседателот Луис Инасио Лула да Силва ја замоли публиката да застане и да одржи минута молчење.

    GloboNews прикажа снимка од голема површина во пламен и чад што доаѓа од очигледен труп на авион во станбена населба полна со куќи.

    Според секретарот за безбедност на градот, авионот се урнал во населено место но никој на земјата не е повреден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img