Во Доминиканската Република вчера се запали куќата на музичарот Марк Ентони, објави „Пејџ сикс“.
Видеата од пожарот се проширија на социјалните мрежи, а на нив можеше да се забележи голем пожар на имотот во комплексот Каса де Кампо.
Според пишувањата на странските медиуми, пожарот бил на левата страна на имотот, поточно изгореле бунгаловите наменети за гости.
Главната куќа, во која Марк престојува и летува со семејството, останала недопрена.
На снимката се гледаат и пожарникарите кои се бореле против пожарот, а кои на крајот успеале да го изгаснат. Причината за пожарот сè уште не е позната.
Се појави и видео на кое се гледаат бунгаловите, кои се наоѓаат покрај базенот, изгорени до темел.
Претставник на музичарот за странските медиуми изјави дека тој, неговата сопруга и нивниот син не биле во комплексот во моментот на пожарот. Тој додаде дека никој од персоналот не е повреден.
Инаку, Марк Ентони претходно беше во брак со Џенифер Лопез, со која ги има близнаците Ема и Марк.