Американскиот атлетичар Ноа Лајлс влезе како фаворит во трката на 200 метри, меѓутоа мораше да се задоволи со бронзен медал, по што беше пренесен во болница.
Лајлс заврши во болница, откако од американскиот тим открија дека атлетичарот трчал заразен со ковид, но очигледно тоа не го спречи да се качи на подиумот.
На трката на 200 метри славеше Летсиле Тебого од Боцвана, додека второпласиран беше Кенет Беднарек.