More

    МВР – ИЗВАДОК ОД ДНЕВНИТЕ НАСТАНИ, 09.08.2024

    spot_img

    Денеска (09.08.2024) Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Македонски Брод до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Д.Т.(57) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, казниво по член 227 став 5 од Кривичниот законик. Пријавениот во повеќе наврати, на 15.07.2024, на 30.07.2024, 02.08.2024, на 05.08.2024 и на 07.08.2024 во атарите на с.Слатина и с.Грешница, општина Македонски Брод, предизвикувал пожар на отворен простор, кој се проширувал и настанувале пожари на поголема површина, каде горела трева и нискостеблести растенија. Сите пожари биле изгаснати од екипи на Територијалната противпожарна единица Македонски Брод и Подрачното шумско стопанство „Сандански“ – Македонски Брод. При преземање на мерки во врска со пожарите, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го затекнале пријавениот Д.Т. на местото на настанување на пожар и при преглед кај него биле пронајдени предмети со кои може да се предизвика пожар. Со пријавениот бил извршен службен разговор, при што тој ги признал делата.

    На 08.08.2024 во 09.40 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.С.(35) од тетовско Долно Палчиште. Тој се сомничи дека претходниот ден на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово извршил дрска кражба, при што на П.Ц.(32) од Тетово ѝ одзел чанта со пари и лични предмети. При преглед кај него биле пронајдени марихуана, ризла и украдените работи, кои подоцна биле вратени на оштетената П.Ц.. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

    На 08.08.2024 во 17.45 часот на улица ,,176“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле А.Б.(38) од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор. Тој е предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

    На 08.08.2024 во 11.30 часот во Рекреативниот центар „Езеро Треска“ на подрачјето на општина Сарај, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Р.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 08.08.2024 во 13.20 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интерветна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Д.(20) од село Горно Количани, општина Студеничани, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот ќе следуваат  соодветни поднесоци.

    На 08.08.2024 во 14.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром,  полициски службеници од Единицата за интерветна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.С.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 08.08.2024 во 20.00 часот на Граничниот премин Богородица, полициски службеници ја лишиле од слобода А.Н.Д.(24) од Холандија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека во нејзината патна исправа недостасуваат страници.  Таа била предадена на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

    На 08.08.2024 во 19.15 часот  во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на ул.„Шаин Маале“ во Радовиш, патничко возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.А.(18) од Радовиш, удрило во пешакот М.А.( 77) од Радовиш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот М.А., констатирани во Клинички центар Штип. Увид на лице место извршила екипа на ОВР Радовиш.

    На 08.08.2024 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„АСНОМ“ , бул.„Киро Глигоров“ и бул.„Србија“ во Скопје се  случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „кимко“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(30) од Скопје и патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(25) од Германија, со престој во Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот А.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 08.08.2024 во 19.50 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Струга, мотоцикл со струшки регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Радолишта, струшко, удрил во малолетничка од село Вејце, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката- пешак, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

    На 08.08.2024 во 21.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на мостот од каналот „Студенчишта“, велосипед управуван од Н.Ј.(68) од Србија удрил во М.К.(43) од Црна Гора. Притоа, велосипедистот паднал и се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

     На 08.08.2024 во 17.25 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на место викано „Мазганица“, атар на Берово, помеѓу туристичката населба „Абланица“ и Беровско езеро, на некатегоризиран пат, Б.С.(64) од Сојузна Република Германија, управувајќи  мотоцикл „кавасаки“, изгубил контрола и паднал на патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.    

     Денеска (09.08.2024) во 00.20 часот во Полициската станица Карпош, С.К.(51) од Скопје пријвила дека на бул.„Митрополит Теодисиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.

     На 08.08.2024 во 20.15 часот во Полициската станица Аеродром, Р.К.(47) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.  

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img