More

    Турист во Грција почина откако бил каснат од кафеав пајак

    spot_img

    Мажот кој беше каснат од отровен кафеав пајак во Пиргос, на западот на Грција, не успеа да преживее, јавија грчките медиуми.

    Тие јавуваат дека 48-годишникот, минатиот вторник попладне дошол во болница со ужасни болки во ногата, но дотогаш не сфатил дека се работи за каснување.

    Претходно бил прегледан од приватен ортопед кој веднаш го испратил во болница.

    Здравјето на човекот се влошило еден ден подоцна кога развил симптоми кои потсетуваат на каснување, а медицинскиот персонал вложил напори да го одржи во живот.

    – И покрај натчовечките напори на персоналот, пациентот на крајот не успеа да издржи. За жал, тоа беше нешто што се знаеше од самиот почеток. Ваквите инциденти не завршуваат добро. Се трудевме многу – велат од болницата.

    Медиумите јавуваат дека мажот кој бил на одмор во Грција бил каснат високо кај бутот од ногата, но не почувствувал кога бил каснат.

    – Од описот мислиме дека се работи за каснување од кафеав пајак. Не постои противотров и неговиот развој е генерално доста брз, иако на почетокот не изгледа дека е ништо сериозно. Има ненадејно влошување 72 часа по каснувањето – велат од болницата.

    Кафеавиот медитерански осамен пајак е малку проучен. На предниот дел од телото има изразен белег кој наликува на виолина.

    Активен е ноќе, додека дење се крие под камења и лисја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img