More

    Воена воздухопловна база гори во руската област Липецк, на речиси 300 километри од границата со Украина, во област погодена синоќа од напади со украински беспилотни летала

    spot_img

    Воена воздухопловна база гори во руската област Липецк, на речиси 300 километри од границата со Украина, во област погодена синоќа од напади со украински беспилотни летала, јавија руските медиуми.

    „Пожар избувна на воениот аеродром во областа Липецк“, соопшти регионалното Министерство за вонредни состојби, без да прецизираат дали пожарот бил предизвикан од украинскиот напад.

    Синоќа се случи „голем“ напад со беспилотни летала во областа Липецк, која не се граничи со Украина, при што е оштетена електрана, изјави претходно регионалниот гувернер.
    „Липецк е подложен на голем напад со дронови“, напиша гувернерот Игор Артамонов во Телеграм. „Енергетската инфраструктура е оштетена“, што доведе до прекин на електричната енергија, додаде гувернерот во ново соопштение, додавајќи дека напојувањето е вратено во повеќето од погодените домови.

    Артамонов прогласи вонредна состојба во градот Липецк и нареди евакуација на четири околни села.

    Тој ги замоли и жителите на Липецк да не излегуваат до крајот на најавената тревога. Градот Липецк се наоѓа на околу 200 километри од границата со Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img