Службите за безбедност се подготвуваат за големиот концерт на британската музичка ѕвезда Ед Ширан во Загреб кој е закажн за во сабота (10 август), а ТВ „Дневник Нова“ дознава дека ќе се подигне нивото на безбедност.
Поради нападот што беше спречен во Виена откако австриската полиција уапси двајца осомничени, по што американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт мораше да ги откаже трите концерти (8, 9 и 10 август), нивото на безбедност ќе биде зголемено пред концертот на Ширан во Загреб.
Не се соопштува бројот на луѓе кои ќе работат на обезбедување.
Полицијата ќе пристигне со специјално обучена екипа задолжена за пронаоѓање на експлозив, па целото подрачје ќе биде темелно претресено. Пожарникарите веќе го обиколија теренот без публика, а на концертот ќе дежураат со возила за гаснење и патролирање.
– Имаме повеќе од стотина противпожарни апарати на самата локација. Самата локација е мал град. Всушност, не е мал, туку вистински град – изјавил командантот на ЈВП Загреб, Синиша Џембрих.